Повторно на протест угостителите, туристичките работници и сметководителите
Протестите ќе продолжат се додека не се исполнат барањата на угостителите, туристичките работници и сметководителите...
Угостители, туристички работници, сметководители и останати протести пред министерството за финансии. Се протестираше под мотото за кого има светло на крајот од тунелот.
Она што недостига во владините мерки е методологијата, односно начинот и временските рокови во кои ќе се исплаќа помошта, велат од туристичко угостителската комора.
Туристичките водичи го сметаат за добредојден шестиот пакет мерки, но не се задоволни од сумата предвидена за помошта.
Иако сме погодени од кризата, државата ниту еднаш не не вклучи во пакетите мерки, велат од комората на сметководителите. Од таму бараат непосредна и неповратна помош.
Протестите продолжуваат се до исполнување на нашите барања, најавија од коморите.
Марија Котовска
