Вашингтон

Бајден со организирање на самитот исполнува едно од предизборните ветувања

22.04.2021 18:30

На денот на планетата 22 април, амерканскиот претседател Џо Бајден е домаќин на дводневниот виртуален самит посветен за климата, САД се надевааат дека поканетите лидери на 40те земји меѓу кои Кина и Русија ке го дадат својот придонес за забрзување и продлабочување на глобалните напори за намалување на загадувањето од фосилните горива...

Со организирање на самитот, претседателот Бајден исполнува едно од предизборните ветување враќајќи ја земјата повторно во парискиот договор на климата и стратегијата за намалување на експлоатацијата на јагленот, природниот гас и нафтата со можност на зголемување на инвестициите во алтернативните извори на енергија.

САД ветија дека ќе ја намалат емисијата на јаглерод до 52% под нивото од 2005 година до крајот на 2030.

Во подготовката на вашингтонскиот самит за климата на тема како светот да се справи со климатските промени во пост коронскиот период разговараа специјалниот американски претставник Џон Кери и шефицата на меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

- Претседателот Бајден најави дека експертите ја подготвуваат законската рамка со цел ќе се спроведе планот за намалување на емисиите во најголемите индустрии а тука ја гледа можност и за создавање нови работни места, изјави Џон Кери, специјален пратеник на САД за клима.

- Посветуваме големо внимание за климатските промени кои се голем ризик за глобалната економска стабилност, а во исто време, разгледуваме проекти за инвестиции во чисти технологии кој ќе генерираат зелен појас и нови работни места низ целиот свет, изјави Кристалина Георгиева претседател на ММФ.

Што се однесува до Пекинг претседателот Си Џипинг најави учество на самитот тоа го стори и рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера во руската дума го претстави новиот климатски план.

Во текот на следните 30 години, кумулативните емисии во Русија мора да бидат помали отколку во ЕУ. Тоа е амбициозна цел, имајќи ја предвид големината на нашата земја и специфичните карактеристики на нејзината географија, клима и економска структура, изјави Владимир Путин претседател на Русија.

Добрите познавачи на односите меѓу Вашингтон Пекинг и Москва, велат дека учеството на Путин и Си се случува во момент кога се затегнати односите меѓу истокот и западот, од една страна по кинеско американскиот на состанокот во Аљаска, и од друга заладените односи со Русија, поради состојбата во Украина.

 

Мирјана Василева