Продолжен рокот за изјаснување на ДИК по приговорите

21.03.2014 11:19

Членовите на ДИК вчера не го прифатија приговорот на ДУИ во кој е наведено дека 453 гласачи запишани во Избирачкиот список кои се пријавени за гласање во Амбасадата во Тирана имаат иста адреса на живеење...

Рокот за разгледување на приговорите за избирачкиот список истече синоќа на полноќ, но истиот ќе продолжи и денеска откако Државната изборна комисија ја прекина седницата при разгледување на приговорот на СДСМ.

Членовите на ДИК вчера не го прифатија приговорот на ДУИ  во кој е наведено дека 453 гласачи запишани во Избирачкиот список кои се пријавени за гласање во Амбасадата во Тирана имаат иста адреса на живеење.

Тројцата членови на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против приговорот на ДУИ, а Бедередин Ибраими од ДПА гласаше воздржано.

ДИК денеска ќе расправата по приговорот на СДСМ. Социјалдемократите се сомневаат во веродостојноста на податоците за околу 26.000 лица во 22 избирачки места од сите изборни единици.