Почина академик Богомил Ѓузел
Автор е на поетските збирки „Медовина“, „Алхемиска ружа“, „Мироносници“ (награда „Браќа Миладиновци“), „Одисеј во пеколот“, „бунар во времето“ (награда „Браќа Миладиновци“)...

По кусо боледување на 82 години почина академик Богомил Ѓузел, македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач.
Ѓузел важи за еден од најзначајните македонски преведувачи на англиската книжевност. Ѓузел е роден во 1939 година во Чачак, Србија. Израснал и се школувал во Скопје, каде што и дипломирал на катедрата за англиски јазик и литература на филозофскиот факултет при универзитетот „Кирил и Методиј“ во 1963 година.
Автор е на поетските збирки „Медовина“, „Алхемиска ружа“, „Мироносници“ (награда „Браќа Миладиновци“), „Одисеј во пеколот“, „бунар во времето“ (награда „Браќа Миладиновци“).
За редовен член на МАНУ е избран на 4 јуни 2012 година.
