Имунизација

Денеска ќе се вакцинираат пратениците

23.04.2021 09:16

Според Министерството, вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на Законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. На 14-ти април беа вакцинирани собраниските служби...

Во салата „Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Како што информира Министерството за здравство, вакцинацијата ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот.

Според Министерството, вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на Законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. На 14-ти април беа вакцинирани собраниските служби.

Исто така во салата „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.

Министерството за здравство апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на „vakcinacija.mk“.