Културата ги урива границите меѓу Македонија и Грција
21.03.2014 11:22
Хеленскиот центар при УНЕСКО ја избра "5:17" во конкуренција на повеќе од педесет драми меѓу шестте, кои ги претставуваат во моментов најновите трендови на драмското пишување...

Драмата "5:17" на Ана Ристоска, ќе биде претставена во сценско читање пред професионалци од татарската обаласт на Форумот на современа драма, во мајво Атина.
Хеленскиот центар при УНЕСКО ја избра "5:17" во конкуренција на повеќе од педесет драми меѓу шестте, кои ги претставуваат во моментов најновите трендови на драмското пишување.
На овој форум, кој за првпат е организиран во 2007-та, досега се претставени 42 драми од 37 земји.
"5:17" во Македонија премиерно беше поставена во продукција на „Вондерленд Театар“- Скопје, во режија на Нела Витошевиќ.
