Бугарија

Борисов го враќа мандатот за формирање Влада

23.04.2021 12:06

Борисов во раните утрински часови од својот дом изјави дека го враќа мандатот за формирање влада...

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, во раните утрински часови од својот дом изјави дека го враќа мандатот.

Во друштво на кандидатот за премиер на коалицијата ГЕРБ-СДС, Даниел Митов, претседателка на парламентарната група и градоначалничката на Софија тој побара од раководството на ГЕРБ да му го врати мандатот за формирање нова бугарска влада на претседателот Румен Радев истакнувајќи дека бугарите се мудар народ.

Борисов предвидува дека „има таков народ“ нема да може да формира влада. Според него новото мнозинство нема да може да ги спроведе идните избори во Бугарија и дека доколку целта е формирање на доживотна привремена влада, тој кажа дека станува збор за напад на демократијата.