Белград
Хајко Мас во посета на Белград
23.04.2021 12:18
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во посета на Белград...

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас престојува во Белград, каде што ќе се состане со српската премиерка Брнабиќ, српскиот претседател Вучиќ и српскиот министер за надворешни работи Селаковиќ.
Германското министерство за надворешни работи претходно објави дека Мас во Србија ќе разговара и за процесот на дијалог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
Посетата на германскиот шеф на дипломатијата доаѓа по минатонеделните извештаи во регионалните медиуми за можноста за прекројување на границите на државите кои некогаш биле дел од поранешна Југославија.
