НАТО

НАТО внимателно ја следи состојбата во источна Украина по веста на повлекување на руските трупи

23.04.2021 12:26

Руската армија вчера соопшти дека од утре ќе почне со повлекување на своите сили во близина на границата со Украина и на Крим...

НАТО соопшти дека внимателно ја следи состојбата во источна Украина по веста на повлекување на руските трупи распоредени во близина на украинската граница и на Крим и притоа ја повика Москва да ги повлече сите свои сили од територијата на Украина.

Руската армија вчера соопшти дека од утре ќе почне со повлекување на своите сили во близина на границата со Украина и на Крим, што беше припиен кон Русија во 2014 година.