Евроинтеграции
Димитров во посета на Литванија, пристапните преговори со ЕУ во фокусот на разговорите
23.04.2021 13:22
Литванија ќе продолжи активно да ја поддржува европската перспектива на земјава...

Изгледите за почеток на пристапните преговори со ЕУ, биле главна тема на посетата на вицепремиерот за европски прашања Димитров во Вилнус.
Литванија потврдила дека останува активен поддржувач на евроинтеграцијата на земјата.
- „Секое неефектуирање на европската перспектива на регионот и неизвесноста на намерите на ЕУ создава вакуум кој што може да биде пополнет од други глобални играчи и ја поткопува улогата на унијата на меѓународната сцена,“ истакна вицепремиерот Димитров на средбата со премиерката на Литванија, Шимоните.
