Косово

Бујар Османи во официјална посета на Косово

23.04.2021 13:50

Се разговарало за теми поврзани со билатерална соработка, со фокус врз економијата и можностите за засилено инфраструктурно поврзување...

Официјалната посета на Косово, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја започна со средба заменик-премиерката и министер за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц.

На состанокот биле реафирмирани исклучително добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово. Се разговарало за теми поврзани со билатерална соработка, со фокус врз економијата и можностите за засилено инфраструктурно поврзување.

Османи ја пренел поддршката на земјава за дијалогот меѓу Приштина и Белград, како најдобар начин за надминување на разликите и изнаоѓање на трајно решение меѓу двете земји, во интерес на граѓаните и регионот како целина, соопштуваат од МНР.

- „Нашата заедничка амбиција, за полноправно членство на сите шест земји од западниот Балкан, претставува единствената алтернатива која обезбедува долгорочна стабилност и просперитет“, заклучил Османи.

Дипломатските активности на Османи во Приштина продолжуваат со средби со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти, стои во соопштението од МНР.