Откриен кокаин во домот на стружанец
21.03.2014 11:24
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 58-годишниот Д.О. од Струга осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“
На 22-ри февруари оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 262,75 грама опојна дрога кокаин. Пријавениот Д.О. кокаинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата.
Различни количини кокаин пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујната од неговиот дом, а во пластична кутија од шумливи таблети забележани се помали паковања завиткани во црна најлонска кеса. Помали опаковки со кокаин пронајдени се во ѓезве за кафе а четири пластични цефки со остатоци од кокаин се забележани во корпа за ѓубре.
Пријавениот Д.О. е лице познат на службата против кого, по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.
