Струга

Модуларната болница во Струга започна со работа

23.04.2021 14:32

Започна со работа модуларната болница во Струга. Моментално во неа се сместени 11 ковид болни пациенти. Состојбата во третиот бран на пандемијата во струшко е стабилна, има уште 40 тина слободни кревети…

Започна со работа модуларната болница во Струга. Во неа има централен довод на кислород, а моментално се сместени 11 Ковид пациент. Дополнително 13 болни од корона се лекуваат на интерното одделение во струшката болница, кое функционира како Ковид 1 центар.

Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

„Повеќето од пациентите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри коишто хоспитализирани. Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за коишто веќе се преземени и други мерки за справување“, изјави Арменд Арслани директор на општа болница Струга.

Во струшката болница состојбата во третиот бран од пандемијата е стабилна, има уште четириесеттина слободни кревети.

„Сите ресурси се ставени на располагање, имаме персонал, распределба на здравствените работници и моментално ситуацијата е стабилна“, додава Арслани.

Струшката болница доби донација современо и опремено санитетско амбулантно возило за итна медицинска помош и превоз на тешко болни преку Фондацијата за развој на образование и култура – „Албиз“.

 

Соња Рилковска