Битолски професор револтиран бидејќи не му е дозволено да го продолжи својот професорски работен век
Битолскиот универзитетски професор на високата медицинска школа Томе Наумов револтиран што деновиве при навршени 64 години старост не му е дозволено согласно со правата од законот за работни односи да го продолжи својот професорски работен век. За директорката на оваа високообразовна институција најави кривична пријава. Таа во писмена изјава возврати дека професорот не ги запазил законските рокови …

Битолскиот универзитетски професор Томе Наумов по предметите екологија и основи на научно истражување од високата медицинска школа револтиран е што му е скратено правото по наполнетата 64 годишна возраст да го продолжи својот професорски работен век. Вели на еден непристоен начин во текот на вчерашниот ден пред студентите ми беше соопштено дека сум одјавен од агенцијата за вработување надвор од она што го предвидува законот.
Вели дека ги информирал сите надлежни но досега нема конкретни одговори. Вели дека не очекувал ова да му се случи по 39 годишен професорски стаж во матичната куќа која последниве години имала низа недоследности.
Додека во писмената изјава од ректоратот велат дека таму не е пристигнат ниту еден пишан документ поврзан со професорот Наумов и без документација не може да се коментира директорката на установата Домника Рајчановска информира дека изјавата на професорот за продолжување на работниот стаж е поднесена непосредно пред тој да наполни 64 години што било спротивно на законските одредби. Различни видување за кои професорот најави судска разрешница и кривична пријава.
Стевче Митревски
