Заев очекува предлог за разрешување на Пауновски
Премиерот Заев очекува службите да дадат предлог за разрешување на директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. Вели со неговиот јавен отпор за спроведување одлука, ги понижи своите претпоставени..

Премиерот очекува предлог за разрешување на директорот на државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. Според Заев, неговото однесување било доволен основ за службите да поведат постапка. Вели со неговиот јавен отпор за спроведување одлука, ги понижи своите претпоставени.
Премиерот Заев вели дека станува збор за луѓе кои долго земале плата, не работеле, а сега биле прераспределени според нивните квалификации.
МТВ се обиде да добие став од Пауновски, но безуспешно не одговори на повиците, ниту на смс пораките. За порталот „Сакам да кажам“, изјавил ако не ме разбира премиерот, нека ме разреши. Вели дека не прифаќа 35 рамковни вработувања, зашто, како што изјавил побарал вработувања за други градови, а не за таму каде му биле доделени. Негов став е дека дел од кадрите не биле со соодветно образование. Од 1.349 рамковно вработени, 1.182 прифатиле да бидат распоредени во институциите, 38 одбиле и одат на трансфер листа, додека 13 сами дале отказ, останатите се пензионирале.
Наташа Гркова Петрушевска
