„Кемет Електроникс“

„Кемет Електроникс“ инвестира 10 милиони евра во индустриската зона Бунарџик

23.04.2021 17:57

Според менаџментот со новата инвестиција се очекува бројот на вработени да достигне до 500. Новата линија за автоматско полнење и производство на кондензатори за автомобилската индустрија треба да биде пуштена во август годинава...

Американската компанија „Кемет Електроникс“ инвестира дополнители 10 милиони евра во индустриската зона Бунарџик. Според менаџментот со новата инвестиција се очекува бројот на вработени да достигне до 500. Новата линија за автоматско полнење и производство на кондензатори за автомобилската индустрија треба да биде пуштена во август годинава. Компанијата ќе инвестира во Центар за истражување и развој.

Првиот човек на зоните Деспотовски вели дека првиот квартал од годинава за компаниите во зоните бил рекорден. Извозот забележал раст од над 40 проценти. Според Деспотовски земјава и натаму ќе биде привлечна за инвеститорите, но не со евтината работна сила туку со пониските ресурси.

Од Владата велат дека економски промотори ќе бидат пратени во сите земји каде има потенцијал. Особено важни се Германија, Франција и Вишеградската група на земји.

 

Дијана Ценевска