МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА КОМИСИЈА

Заврши тринаесеттата средба на мешовитата македонско-бугарска комисија

23.04.2021 21:23

Македонската страна ќе продолжи да инсистира на почитување на принципите и препораките на УНЕСКО и на Советот на Европа како најсоодветен начин за надминување на историските спорови и деполитизирање на историјата и историското образование и исполнување на Договорот за пријателство и добрососедство потпишан помеѓу Република Македонија и Република Бугарија во 2017 година...

Заврши тринаесетта средба на Билатералната мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија што се одржуваше во онлајн формат.

Дискусијата во најголем дел се водеше за пристапот и формата на препораките за учебниците. Остануваат големите разлики во пристапот и погледите како да се формулираат препораките за учебниците по историја. Од македонска страна беа предложени неколку идеи како да се надминат точките во учебниците кои имаат потенцијал да ја политизираат историјата и со тоа да поттикнуваат нови или ги одржуваат во живот политичките спорови. Македонската страна ќе продолжи да инсистира на почитување на принципите и препораките на УНЕСКО и на Советот на Европа како најсоодветен начин за надминување на историските спорови и деполитизирање на историјата и историското образование и исполнување на Договорот за пријателство и добрососедство потпишан помеѓу Република Македонија и Република Бугарија во 2017 година. Поради долгата и исцрпна дискусија за учебниците, темата за заедничко чествување на Гоце Делчев не беше воопшто дискутирана.

Следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 10 и 11 јуни.

 

Игор Панов