Штип ќе биде регионален вакцинален центар
Од почетокот на мај стартува масовната имунизација во Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Кавадарци и Штип. Во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се вакцинираат околу 1.800 лица на ден, а имунизацијата ќе ја реализира медицински кадар од поширокиот регион...

Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип е подготвена за старт на масовна имунизација на жителите од источниот и поголем дел од југоисточниот регион. Вакцинација ќе се врши на 25 пунктови и со ангжман на 50 медицински сестри, 10 лекари, 16 административци и волонтери на Црвениот Крст. Локалната власт финишира со подготовките.
Штип е еден од шесте регионални вакцинални центри во државата каде ќе се врши масовна имунизација на граѓаните.
Во тек се обуките на медицинските тимови кои ќе бидат не само од Штип, туку и од останатите градови, а подготвен е и специјалниот ладилник за вакцините на „Фајзер“. Вакциналните центри низ државата се очекува да се отворат со пристигнувањето на поголеми количини на вакцини по Велигденските празници.
Славица Величковска
