Ковид-19

Крушево очекува побезбеден период

24.04.2021 13:33

Во Крушево се прават сите напори да биде здравствено и туристички побезбедно. Голем интерес за вакцинацијата, во која се гледа спасот за живеењето и за меѓународни натпреварувања и бројни посетители...

Нјависокиот град во земјава и на Балканот, Крушево, ја бие битката со пандемијата. Напати тажно, зашто го нема најблискиот, но според тамошните здравствени власти, успешно. Реорганизирани се, и во секој момент се подготвени да им помогнат на пациентите.

Рестриктивните мерки, велат даваат резултат, ама спасот е во вакцинирањето. Веќе 100 повозрасни крушевчани ја примија првата доза, а уште толку вакцини ќе се потрошат за пет дена.

Градските власти очекуваат, 60 насто од населението да се вакцинира до август. Ќе се развижи туризмот од кој живее Крушево и може да понуди доволно сигурност за гостите. Меѓународните параглајдерски натпреварувања се на чекање на светскиот степен на вакцинацијата.

Историско и туристичко Крушево очекува побезбедно лето за да заживее.

Елизабета Митреска