Економија

Цвета сивата економија во центарот на Струмица

24.04.2021 13:39

Со години цвета сивата економија во центарот на Струмица, и додека надлежните си ја префрлаат топката, пазарџии нема на пазаришниот простор. Струмица го затвори најголемиот пазар на отворено...

Сивата економија со години наназад цвета во центарот на Струмица. Институциите, очигледно си ја префрлаат топката. Побаравме одговор и од пазарната и комуналната општинска инспекција. Од таму добивме опсежен одговор, а последната реченица гласеше, комуналниот инспектор нема надлежност во овој делокруг.

Од пазарната инспекција велат- ние не сме надлежни, самоиницијативно неколкупати делуваме на терен, за работа која е надлежност на комуналната инспекција. И додека надлежните немаат ингеренции за постапување, сивата економија е сѐ посилна во Струмица, а од тука и фактот дека дивите продавачи им го земаат лебот на пазарџиите во градскиот пазар.

Од раководството на ЈКП Комуналец, велат дека донесената одлука била пресудна по слабиот интересна пазарџиите. И директорот Ѓеоргиев, бара надлежните да излезат на терен и да го решат случајот.

Минатата година на маса седнаа сите чинители во општината, со цел да се реши долгогодишниот проблем со сивата економија во центарот на Струмица, но резултати, барем засега нема никакви.

Стојне Митева