Франција започнува да експериментира со „здравствениот пасош“
Проектот „здравствена пропусница или пасош“ се споменува со месеци во Франција и во Европа, како инструмент кој треба да овозможи постепено укинување на ограничувањата за патување. Франција започнува со практична употреба како увертира на европскиот здравствен пасош...

Франција започнува да експериментира со „здравствената пропусница“ што може да биде вовед во системот што се очекува на крајот од јуни од Брисел. Иако, истовремено комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) се изјасни против воведувањето на овие мерки. На француските аеродроми веќе се бара ПЦР тест за да може да се патува или да се помине границата, или пак да се има потврда за анти-ковид вакцина. Сето ова наскоро ќе може да се направи преку апликацијата „Тус анти-ковид“ (сите антиковид). Во неа, еден вид на здравствена легитимација, во која можат да се стават сите овие документи. Нејзиното прво конкретно спроведување ќе биде за лицата кои ќе патуваат кон Коризика и француските прекуокенаски департмани. Патниците веќе покажуваат интерес.
„Мислам дека е добро што има апликација која ги наведува сите овие податоци, тоа е појасно и попрактично.“
„Подготвена сум да ја користам кога ќе знам кој ќе има пристап и кои обврски се преземени за да податоците останат доверливи и само за оваа употреба.“
Апликацијата е алатка за чување на податоци и пред сѐ за контрола. За да бидат ставени во апликлацијата тестовите за Ковид, како и потврдите за вакцинација, треба да бидат потврдени од владина платформа во директен контакт со лабораториите и здравственото осигурување. Потоа се издава „куер код“ кој потоа е скениран од властите. Односно, невозомжно е да се стави лажен или фалсификуван ПЦР тест. Ова е еден вид здравствена легитимација, која го подготвува идниот европски здравствен пасош. Тој се оправдува како инструмент кој ќе го направи побрз протокот и ќе ги хармонизира контролите на патувањата во Европа.
Прашањето е сега дали оваа апликација ќе послужи како здравствена пропусница за да се одобри пристап во ресторан, театар, кино или концертна сала, или пак на некој фестивал. Француската влада го предвидува тоа во одредени случаи.
„Денес не се посакува таа функционалност, за да се оди во ресторан или во бутик за шопинг. Но, за некои настани со многу народ, прашањето може да се постави како такво“, вели Седрик О, државен секретар за дигитална транзиција.
Апликацијата може да игра важна улога во идната стратегија за отстранување на ограничувачките мерки на француската влада.
Останува да се убедат сите корисници на смартфони во Франција да ја постават апликацијата „Тус анти- ковид“, бидејќи досега од 65 милиони жители на земјата, тоа го направиле само околу 15 милиони.
Тони Гламчевски, допсиник од Франција за МРТ
