Наставниците ќе се вработуваат на неопределено време
Наставниците ќе се вработуваат на неопределено време- ова го предвидува новиот закон. Просветните работници од прво до трето одделение се на приоритетната листа за вакцинирање. Царовска на првиот ден на обуката за идната образовна концепција најави- здравствените протоколи ќе се на сила и во наредната учебна година...

Наставниците ќе бидат вработувани на неопределено време, тоа го предвидува новиот Закон за наставници, што е во собраниска постапка. Според министерката Царовска со тоа се спречува натамошната злоупотреба на наставниот кадар. Со новиот закон, платата на наставниците ќе расте, исто како и минималната плата.
Во скопскиот Клуб на пратеници почна обуката на наставниците кои треба да се дел од националниот тим обучувачи за подготовка на останатите за почетокот на новата учебна година. Во прво и во четврто одделение ќе почне да се применува новата концепција.
Дигитализацијата е за доброто на учениците, вели Царовска, порачува до родителите да се информираат. За петицијата, Царовска вели дека родителите се доведени во заблуда, сепак ќе има учебници.
И во наредната учебна година, Царовска вели дека ќе се оди со безбеден пристап, а кој и каков ќе биде не зависи само од министертвото, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство. Информира дека наставниците од прво до трето одделение министерството за здравство ги има ставено на приоритетната листа за вакцинирање. Следува следната фаза, етапно се испраќаат списоците на наставниците за имунизација.
Ана Јосифоска- Тодоровска
