Стерјоски за МТВ: Двонеделниот карантин може да влијае врз изборниот процес
Двонеделниот карантин наметнат од Тирана за македонските државјани може да влијае врз утрешниот изборен процес. Многумина нашинци од Албанија работат во Македонија, и затоа не ќе можат да дојдат за изборите, вели за МТВ Васил Стерјоски, единствениот Македонец, пратеник во албанскиот парламент...

Васил Стерјоски, кој прв во историјата од говорницата на албанскиот парламент се обрати на македонски јазик е пред повторен предизвик да направи повеќе за своите сограѓани Македонци во Албанија. Пред самото финале од изборната трка за пратеничко место во следниот парламентарен состав, за МТВ вели- минатиот мандат се покажа дека вредело да се има пратеник Македонец во албанскиот парламент, бидејќи се слушна низ Албанија за проблемите коишто ги имаат.
Стерјоски вели, загрижен е поради одлуката на техничкиот комитет на експерти за карантинот за период од две недели на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија. Таа, смета Стерјоски, не само што им наштети економски на жителите од пограничните зони, туку и на самиот изборен процес.
Остануваат неговите барања за донесување Закон за малцинствата, за воведување на македонскиот јазик во наставата во областите каде што живеат Македонци и во поголемите албански градови, како и за помош на матичната држава.
Фиљана Кока
