Обвинителството не пронајде материјали поврзани со Академијата за судии и јавни обвинители
Во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители. Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, не е одземен.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје во рамки на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле злоупотреба на службената положба, информираа од Обивнителството.
Од таму потенцираат дека во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители. Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, не е одземен.
Претходно во канцеларијата на Драги Рашковски, екс генсекот на владата, на Правниот факултет во Скопје беше пронајден софтвер од прашањата за испитот за судии и јавни обвинители, што фрли сомнеж врз процесот на тестирање на акдемците.
