Голем интерес за ликовниот натпревар на тема „Истанбул“
24.04.2021 17:05
Натпреварот беше организиран со цел одбележување на 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.

Деца од различни возрасни групи од земјава покажаа голем интерес за ликовниот натпревар кој беше организиран на тема „Истанбул“ од страна на Амбасадата на Република Турција во Скопје.
Натпреварот беше организиран со цел одбележување на 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.
Турската амбасада им врачи подароци на трите деца избрани од различни возрасни групи, кои со нивните родители ќе го посетат Истанбул во наредниот период.
Другите дела од ликовниот натпревар беа прикажани на онлајн изложба.
