Ограбена црква во гостиварско
Крадец ја ограбил црквата Свети Никола во гостиварското село Горна Ѓоновица, соопшти утринава полицијата. Арамијата во периодот од 18 до 20 март искористил погоден момент кога во црквата немало никој, па со штрафцигер ја отворил влезната врата. Откако влегол во објекот, извршил пребарување по што украл 1.000 денари, а причинил штета од околу 3.000 денари.
Полицијата работи на расчистување на случајот.