Почина д-р Стеван Грданоски, еден од основоположниците на епидемиолошката наука во земјава
Грданоски е еден од неколкумината воени епидеиолози, коишто ја сузбија епидемијата на Вариола вера на Косово, поранешна Југославија во 1972-ра година, како и повеќе епидемии на жолтица во самостојна Македонија. Учествуваше и во мировните мисии на Обединетите нации...

Почина примариус д-р Стеван Грданоски, еден од основоположниците на епидемиолошката наука во земјава и долгогодишен заменик-командант на некогашната Воена болница. Роден е во 1934-та година во Прилеп. Дипломирал на Воено-медицинската академија во Белград, а потоа докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што предавал на студентите во универзитетот.
Грданоски е еден од неколкумината воени епидеиолози, коишто ја сузбија епидемијата на Вариола вера на Косово, поранешна Југославија во 1972-ра година, како и повеќе епидемии на жолтица во самостојна Македонија. Учествуваше и во мировните мисии на Обединетите нации во Синајската Висорамнина, на Блискиот Исток.
Стеван Грданоски објави 80 трудови од епидемиолошката наука, на три светски јазици. Погребан е денес на градските гробишта Бутел, во Скопје.
