Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на нов мандат
25.04.2021 13:12
Премиерот Еди Рама се надева на нов мандат иако прогнозите покажуваат голема неизвесност во однос на исходот од гласањето.

Парламентарни избори во Албанија. Право на глас имаат 3,6 милиони граѓани, вклучувајќи ги и оние од дијаспората. Премиерот Еди Рама се надева на нов мандат иако прогнозите покажуваат голема неизвесност во однос на исходот од гласањето.
Опозициската демократска партија на Љуљзим Башa ја критикува владата за предизвикување на сериозна економска криза, иселување на населението и висока стапка на корупција.
Албанија е членка на НАТО од 2009-та година, а сега се бори за прием во ЕУ.
