Ковид-19

Германија: Заострување на мерките во областите каде има мутации на коронавирусот

25.04.2021 13:55

Од почетокот на пандемијата во Германија починаа над 81 илјада луѓе. Граѓаните со поделено мислење околу заострувањето на протоколите...

Полицискиот час во Германија мина мирно откако Бундестагот усвои закон за проширување на рестрикциите во областите каде што е регистиран коронавирусот со мутациите. Од почетокот на пандемијата во Германија починаа над 81 илјада луѓе. Граѓаните со поделено мислење околу заострувањето на протоколите.

Мерката е добра. Тешко е за сите, но ова е правилен чекор за да се спречи заразата.

Мене не ми е логично тоа што не смееме да излегуваме навечер. Немам друг коментар“- велат граѓаните.

Поради непочитување на мерките, полицијата во Шпанија уапси маж на Мајорка под обвинение дека намерно заразил 22 лица. Тој се движел слободно и одел на работа криејќи ја болеста. Неговите колеги потоа инфицирале членови на семејствата, меѓу кои има и три бебиња.

Поголемиот дел на Италија се враќа во жолтата зона

Од понеделник, поголемиот дел на Италија се враќа од портокаловата во жолтата зона. Ограничувањата се намалуваат, рестораните и бизнисите повторно се отвораат. Сардинија и натаму се смета за високоризична црвена зона.

„Изморени сме, сакаме надвор, сакаме слобода... Една година работам од дома, нема пауза, постојано сте дома... Скоро секој носи маска, но има премногу метеж. Не знам дали ќе се смени ова до утре“, велат граѓаните.

Пожар усмрти дваесетина пациенти во ковид-болница во Багдад

При сите предизвици со пандемијата, во ковид-болница во Багдад се слуши и фатален инцидент. Осумдесетина загинаа, а десетици се повредени во пожарот по експлозијата на резервоар со кислород. Повеќето жртви настрадале од задушување.

Шефот на ирачката служба за цивилна заштита изјави дека од Одделот за интензивна нега на пациенти со белодробни болести биле спасени 90 од 120-те пациенти.

 

Маја С. Филдишев