Туристичка Преспа се подготвува за летната сезона
Богатото кутурно историско наследство,убавите села распослани во живописната природа, познатите манастири, вкусната храна, во котлината меѓу двата национални паркови Пелистер и Галиица се причина број еден за привлкекување на туристи и развој на алтернативен етно и еко туризам.

Преспа се подготвува за туристичката сезона. Со специјален брод дрегер наскоро ќе започне чистење и уредување на плажите во Претор и Сливница. Лани на брегот на Преспанското езеро летуваа голем број домашни туристи.
Богатото кутурно историско наследство,убавите села распослани во живописната природа, познатите манастири, вкусната храна, во котлината меѓу двата национални паркови Пелистер и Галиица се причина број еден за привлкекување на туристи и развој на алтернативен етно и еко туризам.
„Владата обезбеди средства од буџетот за Преспа и за Дојран. Ќе се врши чистење на милта околу брегот на познатите туристички локации и средување на плажите“, вели градоначалникот на Ресен, Живко Гошарески.
Угостителите се задоволни од ланската сезона, најголем број им се домашни туристи, ретко организирани странски групи гости.
„Истите гости ќе ги имаме во секој случај, што биле тука ја виделе природата, климата, добра храна. Гости од странство зависи како ќе бидат мерките. Позитивна сум и сакам да имаме повеќе гости“, вели Пепи Трајчевска, сопственичка на ресторан во Претор.
Првиот човек на туристичка Преспа очекува и оваа сезона да се исполнат сместувачките капацитети. Нема големи хотелски комплекси, но се нуди сместување во селски куќи, апартмани и мали хотели.
„Последните години голем е интересот кај инвеститорите. Добро би било кога би се реобновиле поголемите хотелски капациетети како што е хотелот Европа. Задоволен сум што интересот кај инвеститорите особено малите инвеститори се повеќе инвестираат“, додава Гошаревски.
Најпознати и најпосетени туристички места се Претор, Сливница, Крани, Отешево, Стење, Коњско, Брајчино и Љубојно.
Општина Ресен преку мониторинг станицата во Стење континуирано ги следи водостојот и квалитетот на водата во езерото. После критичното намалување на нивото на Преспанското Езеро, од почетокот на годинава подобрена е хидролошката состојба, нивото е зголемено за 40 сантиметри.
Соња Рилковска
