Нови материјални докази од археолошките истражувања во дворот на Јени Џамија
Најновите археолошки истражувања во дворот на Јени Џамија, исфрлија нови материјални докази за некогашната црква Свети Ѓорѓија и за храмовите на чии што остатоци од темелите биле градени во Битола. Од општината најавија дека со средства од буџетот ќе ги помогнат конзервирањето и покривањето на ова културно- историско богатство...

Ако Хераклеа Линкестис сведочи за античкиот период, археолошките наоди во локалитетот Јени Џамија се бисерот за битолското средновековие. Истражувањта започнати од пред над 15 години, етапно на површина ги исфрлаат материјалните добра кои потврдуваат дека е градена на остатоци од темелите на три цркви и постра џамија. Со последниве археолошки зафати се проширува површината. Ако во минатото остатоци од сакрален објект беа откриени на десната страна, овојпат материјални добра се откриени и во предниот дел од дворот на Јени Џамија.
Со постоечкиот конзерватоски план, Стојковски очекува ова богатство да биде навереме заштитено. Од општината најавуваат нешто повеќе. Со финансиска помош по целосната реставрација и конзервација, тој дел од дворот да биде застаклен исто како што е внатрешниот дел на џамијата.
Инаку џамијата Кади Махмут Челеби или Јени што значи нова џамија, била изградена по нарачка на битолскиот кадија Махмуд ефенди. Денес овој вреден споменик на османлиската архитектура зазема зничителна површина и зедно со саат кулата, безистенот, соборниот храм Св. Великомаченик Димитриј и од другата страна Исхак Челеби џамијата, се бисерите на битолското богато културно- историско минато во стргиот центар на градот.
Стевче Митревски
