Во храмовите се почитуваат протоколите
Пред Велигден, на Цветници верниците во црквите се придржуваат кон пропишаните протоколи. Растојание, заштитни маски и трпение- велат спасение. И свешетниците на Македонската православна црква повикаа да се спроведуваат препораките на здравствените власти. Пандемијата со надолен тренд- посочува Филипче..

Верниците во храмовите се помолија, се почитуваат здравствените протоколи. Велат дека и покрај пандемијата кога се во можност доаѓаат да запалат свеќа, пред сѐ за здравје на најблиските. Не беа во голем број, но се придржуваа на пропишаното растојание.
За православните христијани почнува страдалната седмица, последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден. Се празнуваат Цветници, во спомен на влегувањето на Христос во Ерусалим кога бил пречекан со зборовите „Благословен е оној којшто доаѓа во името господово“. И свештените лица со повик до верниците, да ги почитуваат мерките. Велат за Велигденските празници ќе има и соодветно обезбедување.
Министерот за здравство Филипче на социјалните мрежи напиша дека состојбата со епидемијата бележи надолен тренд. Мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно- напиша Филипче на Фејсбук.
Комисијата за заразни болести во наредните денови ќе ја анализира епидемиолошката состојба во земјава, по што ќе се знае дали ќе има нови мерки за време на претстојните Велигденски празници.
Ана Јосифоска Тодоровска
