Политика

СДСМ: Протестот за амнестија на политичките насилници е по нарачка на Груевски

25.04.2021 16:52

Протестот за амнестија на политичките насилници е по нарачка на Никола Груевски, кој преку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ посакува враќање на власт, велат во реакција на протестот во Социјалдемократскиот сојуз.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски упорно стои на браникот на криминалот, но не ќе може да ги одбрани бидејќи одговорност за нарачателите и организаторите на крвавиот четврток мора да има- велат во СДСМ.

На протестот Мицкоски, Бачев и Апасиев, инсталациите на Груевски со ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад насилството, докажаа дека се за одбрана на обидите за државен удар, за одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, изјави партиската портпаролка Кузеска.

Според Социјалдемократите, Мицкоски кој ги реализира нарачките од неговиот ментор во Будимпешта, Груевски, шест пати бил поразен на избори во последните четири години и не разбрал дека народот не сака политичари кои ги го штитат криминалот, кои ја блокираат помошта за граѓаните и фирмите и го поткопуваат здравствениот систем во време на пандемија.

Народот , посочуваат од СДСМ не сака кога се прават опструкции на евро-атлантската интеграција на државата, партии кои не гласаат стратегија за борба против корупција, кои според нив ги делат луѓето по сите основи и внесуваат страв и омраза.

 

Фиљана Кока