Евроинтеграции
Димитров: Постои „прозорец на можност“ до јули да добиеме датум за старт на преговорите
26.04.2021 10:06
Нашиот случај е тест за кредибилитетот на Европската унија за Западен Балкан, вели вицепремиерот Никола Димитров во интервју за „То Вима“...

Постои „прозорец на можност“ Македонија до јули да добие датум за старт на преговорите со Европската унија- во интервју за грчки „То Вима“ истакнал вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Нашиот случај е тест за кредибилитетот на Европската унија за Западен Балкан, вели Димитров.
Освен за европската интеграција, Димитров се осврнува и на бугарската блокада. Вели на ова треба да се додаде и неодамнешното пуштање на контроверзниот нон- пејпер за промена на границите и формирање поголеми држави, кога долгорочно имаме потреба од „европски балкан“ во кој границите ќе имаат помало значење.
