АЛБАНИЈА
Партијата на Рама освои над 46% од гласовите
26.04.2021 11:15
Демократите на Баша се на второ место...

Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освои над 46% од гласовите на парламентарните избори.
На второ место е опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша која доби поддршка од 44,71% од гласачите.
Премиерот Рама нагласи дека резултатот ја покажал волјата на народот. На изборите учествуваа 1841 кандидат кои се бореа за 140 пратенички места.
Се натпреваруваа 12 политички субјекти, две коалиции и 10 партии, како и неколку независни кандидати во 12 изборни единици. Право на глас имаа 3,6 милиони граѓани, вклучувајќи ги и оние во дијаспората.
