ИТАЛИЈА

Италијанскиот премиер го претставува планот за економски спас

26.04.2021 11:21

Третата економија на Еврозоната очекува спас од мегапланот со кој се предвидени 750 милијарди евра...

Италијанскиот премиер Марио Драги го претставува во Парламентот планот за економски спас финансиран од ЕУ.

По неколкумесечните рестрикции поради Kовид-19, во оваа земја почнаа постепено да се отвораат рестораните, кината и театрите. Италија беше првото европско жариште и лани БДП се намали за 8,9%.

Третата економија на Еврозоната очекува спас од мегапланот со кој се предвидени 750 милијарди евра.