АВГАНИСТАН
Странските сили ги напуштаат базите
26.04.2021 11:29
Во земјата има 9592 војника од 36 држави, од кои 2500 се на САД...

Генерал Скот Милер, највисокиот американски командант во Авганистан, потврди дека странските трупи почнуваат да ги напуштаат воените бази во земјата кои сега ќе им бидат предадени на авганистанските сили.
Во земјата има 9592 војника од 36 држави, од кои 2500 се на САД. Претседателот Бајден најави дека до 11 септември ќе заминат сите нивни единици.
Распоредувањето почна во 2001 година кога беше изведена првата операција на САД и Британија. Ним им се придружија 43 сојузници и партнери на НАТО
