„Јавна соба“

Обвинение против две лица за случајот „Јавна соба“

26.04.2021 11:48

Побарани се податоци за креаторите, администраторите и членовите на групата, но од „Телеграм“ сè уште нема одговор. Обвинителство побарало и меѓународна правна помош...

Поднесено е обвинение против двајца, на возраст од 21 и 32 година за случајот „Јавна соба“. Се гонат за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Како што информираат од обвинителството, тие во периодот од 19 декември 2019 година до 28 јануари лани, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата, но, со умисла дозволиле да се постави материјал со полови дејствија со дете.

Побарано е да им се продолжи притворот.

Предметот „Јавна соба 2“, пак, каде што продолжи ваквата практика е во фаза на предистражна постапка.

Побарани се податоци за креаторите, администраторите и членовите на групата, но од „Телеграм“ сè уште нема одговор. Обвинителство побарало и меѓународна правна помош.

За „Јавна соба 2“ постапуваат повеќе обвинителства.