Партијата на Рама освои над 46% од гласовите
Демократите на Баша се на второ место...

Тесна трка на парламентарните избори во Албанија. Мала разлика во освоените гласови меѓу владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама и Демократската партија на Љуљзим Баша. Според Рама нагласи резултатот ја покажал волјата на народот. Баша пак прогласи победа. На денот на гласањето и неколку инциденти. Има и повредени.
- Не сме овде да го изразиме негативниот став кон другите кои имаат поинаков став и глас, ние сме едно семејство кое живее во иста држава. Не заборавајте дека демократијата е спорт без гледачи и секој мора да излезе на терен и да шутира пенал, изјави Еди Рама Премиер на Албанија, лидер на Социјалистичката партија.
- Ова е прекрасен ден за земјата, ова е историски ден. Денеска сите ја имаме моќта во свои раце, сите Албанци, сите вие ја држите моќта во вашите раце за семејствата, децата, државата, нацијата, изјави Љуљзим Баша, Лидер на Демократската партија.
Во предизборните кампањи кои исто така минаа со инциденти во кои имаше повредени и една жртва, агендата на Рама беше фокусирана на пандемијата со Ковид-19, проекти за аеродроми и санирање на штетите од земјотресот во 2019 година. Баша акцентот го стави врз евроинтеграциите на Албанија, масовното иселување и помошта за бизнисите.
На изборите учествуваа 1841 кандидат кои се бореа за 140 пратенички места. Се натпреваруваа 12 политички субјекти, две коалиции и 10 партии, како и неколку независни кандидати во 12 изборни единици. Право на глас имаа 3,6 милиони граѓани, вклучувајќи ги и оние во дијаспората.
На овие избори за прв пат учествуваше и албанската партија „Самоопределување“ од Косово.
Маја С.Филдишев
