Бензин

Бензинот поевтинува за половина денар

26.04.2021 12:47

Литар еуросупер БС-95 од полноќ ќе се точи за 67 денари, два денара поскап е бензинот од 98 октани, цената на дизелот останува 58,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе продолжи да се продава за 58 денари за литар...

Бензинот од 95 октани поевтинува за половина денари, пониска цена и за мазутот, за другите горива нема промена.

Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката. Литар еуросупер БС-95 од полноќ ќе се точи за 67 денари, два денара поскап е бензинот од 98 октани, цената на дизелот останува 58,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе продолжи да се продава за 58 денари за литар.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 0,38 проценти, како резултат на поевтинувањата на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.