Здравство

За 24 часа хоспитализирани 28 пациенти

26.04.2021 13:40

Вкупно 598 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка...

Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 598 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

 
Во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
 
Во Ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.
 
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.
 
Во моментов во Ковид центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 235 пациенти.
 
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 130 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 143 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 39 болни.
 
Вкупно 598 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
 
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
 
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.