Започна имунизацијата со Фајзер вакцината на лицата со возраст од 72-77 години
Во Битола започна имунизацијата со Фајзер вакцината на лицата со возраст од 72-77 години. На располагање се 600 дози и до крајот на неделата ќе бидат потрошени. Од домот за народно здравје велат дека континуитетот од неколку недели им влева надеж дека подготвено ќе стартуваат и идниот понеделник кога во спортската сала на медицинското училиште стартува регионалниот центар за масовна имунизација со кинеските вакцини...

Од изутрината започна имунизацијата со пратката од Фајзер вакцините. Пристигнатите 600-тини дози наменети се за лицата од третата доба на возраст од 72-77 години. Гужвата пред вакционалниот пункт сама по себе кажува дека по стравот и заразеноста што го донесе третиот Ковид бран во Битола интересот за вакцинација се зголемува.
Дневно во две смени ќе бидат вакцинирани по двесте лица во изминатите три недели беа потрошени околу 1700 дози од вакцините на Астразенека за лицата над 77 годишна старост. По воспоставениот континуитет од домот за народно здравје велат максимално подготвени ќе влезат со нивниот дел на надлежности во масовната имунизација која идната недела ќе започне во салата на медицинското училиште.
Што се однесува до Ковид состојбата во Битола последните денови опаѓа бројката на новоинфицирани. Во Ковид центарот до претпладнето на хоспитализација се 116 пациенти главно со потешка клиничка слика. Од таму велат дека во благо опаѓање е и притисокот во амбулантското лекување.
Стевче Митревски
