Намалени бројки и нов пункт за имунизација во Прилеп
Речиси една недела бројот на хоспитализирани во Прилеп под 100 и опаѓа. Во болницата ќе се затвора Ковид-оддел. Преку 1.300 повозрасни прилепчани се вакцинираа, стигнаа и вакцини од Фајзер. Од болницата најавуваат нов пункт за масовна имунизација по празниците …

Намалени бројки на заразени и хоспитализирани, релативно смирена епидемиолошка состојба, но со претпазливост. Вака се оценува ситуацијата во прилепската болница каде во моментов се 88 хоспитализирани, од нив 75 на кислородна поддршка. Пациентите – од 42 години па преку 80.
Болницата ќе затвори еден од петте Ковид-оддели. Најверојатно – одделот на гинекологија.
Граѓаните се свесни дека празниците се голем тест.
Преку 1.300 повозрасни прилепчани веќе ја добија првата доза вакцина. Од денес продолжува со новите 500 вакцини на Фајзер за наредните три дена на пунктот во Здравствениот дом. Болницата со најава, ќе се отвори пункт за масовна имунизација на граѓаните. Планот се изготвува, ќе го добие министерството за здравство, за да почне по празниците.
Прилепската болница е надлежна за 100 000 жители во Регионот.
Елизабета Митреска
