Дигитализацијата на образованието не смее да биде единствено решение
Од сојузот сметаат дека печатењето на дигиталните ученици не смее да оди преку училиштата, кои немаат соодветните ресурси, туку да биде централизирано и да го спроведува министерството за образование...

Електронските учебници да бидат алтернатива, а не постулат, велат од сојузот на средношколци. Според нив, секој ученик има различен начин на учење и образовниот систем мора да ги почитува индивидуалните желби и преференции. Од сојузот сметаат дека печатењето на дигиталните ученици не смее да оди преку училиштата, кои немаат соодветните ресурси, туку да биде централизирано и да го спроведува министерството за образование.
Целата реформа е фокусирана на потребите на учениците, е ставот на министерката Царовска.
Хартиени учебници треба да има, сметаат и од коалицијата „Менуваме“. Според нив, учебникот е најздравото основно средство за да може едно дете добро да се развива. За аудиокнигите велат се добри, но според нив, во наставата е потребна интеракција со што ќе се задржи вниманието на децата.
Од националниот сојуз на слепи, пак, ги поздравија заложбите на министерството лицата со оштетен вид да добијат пристап до учебници.
Ана Јосифоска Тодоровска
