градежништво

Поскапувањето на материјалите ќе ја крене цената на становите

26.04.2021 15:05

Ова најмногу ќе ја погоди реализацијата на капиталните објекти што се градат по пат на јавна набавка каде што единствен критериум при избор е најниската цена...

Градежниот сектор бара од државата креирање посебен пакет мерки за негова поддршка за да се намалат негативните ефекти од Ковид пандемијата. Се влошува амбиентот за работење на градежниците пред сè поради сериозниот раст на цените на репроматеријалите, зголемувањето на минималната плата, како и најавата за неработа во недела.

„Поскапувањата се движат од 80% за челикот, за бетонското железо и арматурата по 30%, по 25% за дрвото, иверката и отплатата 25%, до 50% синтетички цевки,плочи гео мрежи и геотекстил, по 30% за заштитни премази, хидроизолации, епоксидни смоли“, изјави Андрија Серафимовски-претседател на Здружението за градежништво.

Ова најмногу ќе ја погоди реализацијата на капиталните објекти што се градат по пат на јавна набавка каде што единствен критериум при избор е најниската цена. Во овој случај наместо државата нас да не поддржи ние ја поддржуваме државата, вели Серафимовски. Затоа се бара критериум при избор да биде економски најдобрата понуда. Растот на цените неминовно ќе доведе до поскапување на становите.

„Наша констатација во моментов е дека со покачување на минималната плата, а со најавениот тренд на уште поголеми покачувања на репроматеријалите во однос на сегашните,цениме дека цените на становите ќе растат. Има уште еден голем фактор што влијае на креирање на цените во иднина кој е неизбежен и неминовен е застојот поради мораториумите и потребата од стан повеќе при пандемијата“, изјави Андрија Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво.

Владата треба да ги има во вид и карактеристиките на градежниот сектор при креирање на регулативата: влијанието на временските услови, роковите за градба, континуираниот процес на работа и во денови на викенд, во спротивно според Серафимовски ќе биде загрозено работењето на над 5.000 градежни фирми, како и работните места на 55 лица. Само во првиот квартал од оваа година градежниот сектор забележал пад од 16,6%.

 

Свето Николовски