Усвоен планот за дигитализација на судството
Усвоен планот за дигитализација на судството. Реформата треба да донесе поголема ефикасност и транспарентност, полесен пристап до правосудните постапки, намалени трошоци...

Сите 34 судови и речиси 190 судници, вклучително оние во затворите и во Академијата ќе се дигитализираат. Владата почна да ја спроведува реформата. Од работната група која ја подготвуваше, посочуваат дека со модерна судска високотехнолошка инфраструктура и архитектура во судовите ќе се постигне 80 процентна ефикаснот, 100 процентна достапност до правдата на граѓаните. Ќе биде воведена електронска достава. Граѓаните ќе можат на своите мобилни телефони да добиваат инфо за предметот. Со можноста за далечинско и мешано судење, ќе може да се присуствува речиси од секаде на седниците. Хардверското и софтверското усовршување ќе бидат клучни за целиот порцес.
Со овој систем ќе се намалат буџетските трошоци за 15 милиони евра на годишно ниво само од хартија и тонери. Ќе поврзат 80 институции, во прво време 15 најбитни за судството со кои ќе се овозможи брза размена на податоци и нивно процесуирање. Според министерот Маричиќ ова ќе биде и во насока на засилување на интегритетот на судиите и обвинителите, каде веќе и при самиот избор се забележува голема транспарентност. И тестирањето на кандидатите од Академијата ќе биде транспарентно и одговорно спроведено, откако софтверот на Инвока беше запленет поради истрагата, посочи ресорниот министер.
Реформите во судството се витални за демократскиот развој, владеењето на правото и достапноста до правдата. Ова е само продолжение, уверува премиерот Заев на заложбите на Владата како што се судските процеси против високата корупција од кои веќе неколку завршија со затворски казни за високи функционери кои се огрешиле пред законите.
Фиљана Кока
