Ангеловска- Бежоска: Денарот е еден од клучните столбови на македонската економија
И покрај многубројните надворешни, но и внатрешни шокови, Народна банка постојано успева да ја одржува инфлацијата на умерено ниво, слично на европското...

Денарот беше и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија, оцени гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска во своето обраќање по повод 29 години од монетарното осамостојување.
Вели - и покрај многубројните надворешни, но и внатрешни шокови, Народна банка постојано успева да ја одржува инфлацијата на умерено ниво, слично на европското.
Ниската инфлација е од исклучително значење за заштитата на реалната куповна моќ на граѓаните, но и за одржувањето на конкурентноста на нашиот извоз без којшто малите економии како нашата не можат да остварат повисок и одржлив раст, појаснува Ангеловска – Бежоска.
