Угостителите и туристичките работници ги продолжуваат протестите пред Владата
Од денеска угостителите и туристичките работници ги продолжуваат протестите пред Владата. Велат ќе протестираат сѐ додека не им бидат исполнети нивните барања поради реалните проблеми со кои се соочуваат и сериозните загуби кои ги трпат...

Досегашната поддршка не е доволна, со оглед на рестрикциите и забраните за работа, егзистенцијата на многу фирми и семејства е доведена во прашање, порачаа учесниците на протестот на Туристичко- угостителската комора. Тие од Министерството за финансии се префрлија пред Владата и побараа состанок со претставниците на економските ресори.
На раб сме на опстанок и имаме потреба од континуирана финансиска помош, велат туристичките агенции.
Од Комората на сметководители кои се приклучија на протестот, рекоа дека тие се заборавени. Побараа нов закон за сметководствени работи, пролонгирање на роковите за годишни сметки и даночни пријави и неповратна помош за сметководствените бироа.
Коморите најавија продолжување на протестите сѐ до исполнување на барањата.
Марија Котовска
