Политика

Заев останува на ставот за разрешување на Пауновски

26.04.2021 16:45

Преимерот вели- Пауновски не ги почитувал законите и етичкиот кодекс...

Утре на владина седница ќе биде потврдено разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, изјави премиерот. Заев вели- Пауновски не ги почитувал законите и етичкиот кодекс.

„Утре на самата седница на Владата ќе го потврдам тоа што веќе го соопштив во јавноста. Овде се работи за почитување на закон, има донесено закон во декември 2020 година и согласно законот сите имале обврска да ја променат систематизацијата. Голем дел од институциите се обратиле поради невозможноста да се вклопат дел од распределените луѓе заради несоодветните профили, еден дел се обратиле затоа што не биле опфатени, еден дел од распределените не ни прифатија да одат и си дадоа оставка. Дефинитивно, прво се работи за почитување на законот, а потоа и за етичкиот кодекс“, изјави Заев.

Заев најави дека ќе ги прими инспекторите од ДПИ кои до него ќе ја достават петицијата.