Одбрана

На Криволак се работи на инфраструктурата за воената вежна „Одлучен удар 21“

26.04.2021 17:13

Се работи на пет проекти, кои заеднички ги реализираат македонскиот инженериски баталјон и 15-тиот инженериски полк од Вооружение сили на САД, кој брои 142 лица и бројни возила, инженериски машини потребни за работа...

Армискиот полигон „Криволак“ е големо градилиште, подготовка за воената вежба „Одлучен удар 21“ која треба да започне на 17-ти мај. Денес таму во посета беа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз. Се работи на пет проекти, кои заеднички ги реализираат македонскиот инженериски баталјон и 15-тиот инженериски полк од Вооружение сили на САД, кој брои 142 лица и бројни возила, инженериски машини потребни за работа.

До 12-ти мај треба да бидат завршени полетно-слетната патека за беспилотни летала, магацин за складирање на мети, подвижни и неподвижни мети за гаѓање и 33 километри патна инфраструктура. Се гради и монтажна болница за ковид случаите.

На воената вежба „Одлучен удар 21“ најавено е учество на околу 1.500 илјади војници од САД, Бугарија, Грција и Македонија.

 

Петар Печков